од уреднички агол уште една изборна година 1. во новата година влегува- ме со веќе закажан датум за предвремени парламен- тарни избори. прекрасно. во годината во која ќе се озваничи на- шиот влез во нато и извесното до- бивање (конечно) датум за почеток на преговори за влез во еу, нашите политичари успеаја да се договорат за предвремено мерење на силите. добро. тоа е чиста политика, нели, па работите се јасни. но кај нас сé е политика, а од неа во најголема мера зависи и економијата. кога е веќе така, а во тоа постајано нé потсетува горко- то 29-годишното искуство, што тогаш можеме да очекуваме. одговорот е повеќе од јасен – ништо посебно! кога партиите си ги ставаат сопствените интереси над др- жавните, резултатите се и повеќе од јасни. нивната ло- гика е едноставна, да ја освоиме власта па потоа лесно ќе управуваме со сите државни ресурси. со економиијата посебно - текот на парите притоа игра пресудна улога. нашите интеграции во големите светски структури неизбежно ќе доведат до значително придвижување на капиталот. па зар некој нормален политичар би го про- пуштил тоа? кога ќе се земе во обзир таа димензија на освојување на власта, станува јасно зошто оваа политич- ка битка им е од животно значење. иако на прв поглед изборите ја ставаат во втор план економијата, сепак, по- веќе од јасно е дека токму парите се основен лајт мотив за навремено позиционирање во одлучувачките структури кои ќе менаџираат со парите и капиталот. логиката, ова што го имаме во раце не ни бега, дај да се сконцентира- ме на тоа што не очекува, станува доминантна. влезот во канцелариите на глобалните институции практично значи и пристап до нови, далеку побогати фондови. во тој контекст занемарувањето на домашна- та економски текови добива полна смисла. е сега, дека домашните субјекти од реалниот сектор ќе требане нека- ко да го преживеат овој период, ќе треба. како тоа ќе го направат во услови на шест месеци однапред закажани избори, па потоа на период на кампања, и на крајот со самиот изборен процес, тоа сами си знаат. а поголемиот дел од нив имаат насобрано и доволно иксуство, па умеат да се справат и со такви ситуации. едно е само сигурно, од големиве политички „игранки“ страда – државата. односно, сите ние заедно. поточно, сите кои ре- шиле да останат во неа! 2. нашето списание, почиту- вани читатели, излегува не- посредно пред истекот на календарската година. на- место оценка на резултатите кои ги постигнуваат индустриските гран- ки кои ние ги покриваме, градеж- ништвото и транспортот, можеме да констатираме дека повторно поми- навме низ едногодишен период ис- полнет со повеќе очекувања отколку со резултаи. сето тоа поради опкружувањето на кое сме упатени. може- би и така мора да биде, важно дека економијата е на стабилни нозе а за некој пдинамичен развој малку ќе попричекаме. конкретно, во годинава која изминува градежните ак- тивности бележат минимален раст кој вероајтно се должи на застојот и реораганизацијата на изградба на патни- от правец кичево-охрид, како и на забрана за градење стамбени објекти во делови од главниот град. од друга страна транспортерите функционираа во рамки на про- ектираниот раст, така да можеме слободно да констати- раме дека во таа област работите се прилично стабилни. секако, ова е само првична анализа додека за детална анализа ќе мора да попричекаме на службените извештаи. што во овие области ќе се случува во 2020 година? го нема тој аналитичар што со сигурност може да ги предвиди тековите. нашите итеграции во евра-атлант- ските структури ќе значат почеток на нов период во кој економските законитости конечно би требало да дојдат до полн израз. само да не заборавиме, без разлика на променетите услови кои не очекуваат, сепак и понатаму остануваме во регионот познат како - балкан. ви посакувам пријатно читање главен уредник агрон сулејман 3